Пане Блажевски: Секоја чест за Победа, но желбата и на Борец е Прва лига!

Преку бараж пресметката меѓу прилепска Победа и Борец од Велес утре од 16:30 часот на стадионот „Младост“ во Струмица и дефинитивно ќе биде познат последниот партиципиент во Првата македонска фудбалска лига следната сезона.

Сосема е јасно дека Победа ја носи фаворитската улога пред утрешниот дуел, но апсолутно никој во таборот на Борец не планира предвремено предавање.

„Секоја чест за Победа, нормално е да респектирате еден таков противник кој доаѓа од Првата лига. Но, ние воопшто не планираме предвремено предавање. Напротив Борец изминатава сезона покажа дека поседува сериозен квалитет, подготвени сме за тоа што не очекува во Струмица. Нашата желба секако е место во најсилната домашна лига и ќе играме максимално мотивирано да се обидеме и да ја реализираме таа цел. Во вакви дуели со 90 минути се е можно“ – вели шефот на стручниот штаб на Борец, Пане Блажевски пред утрешниот бараж натпревар.

Се вчитува...