Паника во Атлетико: Во Мадрид пристигнува гол-машината Роналдо, ноќен кошмар за Симеоне

Повторениот ждреб за натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите одлучи Aтлетико Мадрид за противник да го добие Манчестер Јунајтед и гол-машината Ронало.

Она што не е добро за Симеоне и неговата екипа е што Кристијано сега игра во Манчестер Јунајтед. Атлетико Мадрид под водство на Симеоне примил четири хет-трика од Португалецот.

Во кариерата Роналдо одигра 35 натпревари против Атлетико, постигнал 25 гола и поделил 9 асистенции. За Давид Де Хеа ова ќе биде враќање пред публиката каде што се прослави пред да премине во Јунајтед.

Се вчитува...