Паника во Барса, ПСЖ дава 125 милиони за Ракитиќ

ПСЖ и Монако се силно заинтересирани за хрватскиот репрезентативец во дресот на Барселона, Иван Ракитиќ, објавија шпанските медиуми.

 Хрватот деновиве се споменуваше како дел од евентуалниот трансфер на Пол Погба од Манчестер јунајтед во Барселона. Според медиумските најави, Барселона била подготвена да ги понуди Рактиќ или Дембеле со соодветна доплата за Французинот, а на крај, наводно, и двајцата играчи во замена за Погба. Од тој трансфер по се изгледа нема ништо, но заминувањето на Ракитиќ од „Кам Ноу“ не е не е невозможно, посебно откако се појави информацијата дека ПСЖ го сака Хрватот во своите редови и подготвен е да ја плати клаузулата за откуп на договорот која изнесува 125 милиони евра!

Се вчитува...