Паника во Филаделфија: Повреда на Џоел Ембид (ВИДЕО)

Филаделфија со триумфот над Вашингтон од 101-127, стигна до 26 победа во сезоната и се искачи на врвот на Источната конференција, но убедливата победа ќе остане во сенка на повредата на најдобриот поединец во својот тим, Џоел Ембид.

Центарот кој е главната алка во составот на Филаделфија оваа сезона со просек од 30.2 поени и 11.6 скока, се повреди при лош доскок на забивање во третата четвртина, а не успеа да го продолжи натпреварот. За сериозноста на повредата ќе се знае повеќе утре кога Камерунецот ќе ги помине потребните лекарски прегледи.

Се вчитува...