Паника во Кристал Палас: Тренерот не сака да потпише нов договор

Тренреот на Кристал Палас, Оливер Гласнер минатото лето беше поврзуван со многу клубови, откако направи голем успех со клубот, меѓутоа тогаш остана на кормилото на овој англиски Премиерлигаш. Тотенхем беше најупорен во намерата да го ангажира на местото на Енџи Постекоглу, ама не успеа во намерата.

Но, како стојат работите, за Гласнер ова ќе биде последна сезона на клупата на Палас. Според информациите од Англија, Гласнер одбил да го продолжи договорот а тоа директно значи дека е подготвен за нов предизвик. Со оглед дека и сегашниот менаџер на Тотенхем, Томас Франк е пред отказ, дали ова значи дека одново се интензивира интересот од Лондон?

Гласнер дојде во Палас во 2024 година. Претходно го предводеше тимот на Ајнтрахт Франкфурт до трофеј во Лигата на Европа, а ги водеше и Волфсбург, ЛАСК Линц и Риед.

Се вчитува...