Паника во ПСЖ: Нејмар ја обнови старата повреда, ќе биде ли подготвен за дуелите со Манчестер Јунајтед?

Францускиот првак Пари Сен Жермен стравува за најновата повреда на Бразилецот Нејмар. На синоќешниот меч против Стразбур од Купот на Франција, тој ја обнови повредата на петтата метатарзална коска која два и пол месеци го оддалечи од терените. Стравувањата се дека тој би можел да ги пропушти дуелите против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

Нејмар во текот на денешниот ден ќе ги мине деталните медицински тестови, по што ќе биде утврдено точно за каква повреда станува збор и колкаво ќе биде неговото отсуство од терените. На повреда во ПСЖ се жали и Марко Верати, а Адриен Рабио има спор со клубот откако не сакаше да го продолжи договорот и тренира со резервниот тим.

Доколку биде донесена одлука дека Нејмар мора да биде опериран, тоа ќе значи пауза на бразилскиот ас најмалку до почетокот на април.

Се вчитува...