Паника во Реал Мадрид: Се повреди посакуваното засилување

Трент Александер-Арнолд, десниот бек на Ливерпул кој е голема трансфер желба на Реал Мадрид мораше да биде заменет во 76. минута на средбата против ПСЖ поради повреда. Првичните информации велат дека не станува збор за полесна повреда, па тоа предизвика и паника во „кралските“ редови.

На 26-годишниот Англичанец во Реал Мадрид се гледа како долгогодишно решение за проблематичната позиција, а неговиот трансфер се чинеше неизбежен судејќи по објавите на шпанските медиуми за кои единственото прашање беше дали тој ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во месец јануари или месец јули.

Сега работите се променети, Реал Мадрид не сака да бара привремено решение доколку станува збор за сериозна повреда која ќе го оддалечи од теренот со месеци. Во таква ситуација, трансферот на Александер-Арнолд ќе пропадне, а фокусот ќе биде свртен кон друг фудбалер.

Се вчитува...