Пановски од Силекс ново засилување за Кит-Го

Екипата на ФК Кит-Го од Пехчево го запиша и второто засилување за пролетниот дел од сезоната, ангажирајќи го досегашниот крилен офанзивец на Силекс, Александар Пановски.

30-годишниот Пановски веднаш по раскинувањето на соработката со картовци се одлучи да ја прифати понудата на еден од најдобрите македонски второлигаши кој со најновите засилувања очекувано цели на водечките позиции во Втората лига – Исток. Пановски досега во својата кариера, покрај за Силекс, има настапи и за велешки Борец.

Како што е познато, Кит-Го претходно се засили и со поранешниот напаѓач на Вардар, Металург, Пелистер…, Антонио Бујчевски.

Се вчитува...