„Панцирите“ подобри од Англија во пенал рулетот, Германија е првиот финалист на ЕП

Неизвесно финале пред финалето режираа младите репрезентации на Германија и Англија во првото полуфинале од Европското првенство во Полска, по кое Германците се први финалисти откако беа поуспешни по пенал рулетот.

Публиката на стадионот во Тихи уживаше во 120 минути одличен фудбал по кој во регуларниот дел и продолженијата резултатот гласеше 2-2. По пенал серијата Германија е првата репрезентација која ќе игра финале во Полска. На последното на кое настапуваа во 2009 година завршија како шампиони.

Англија подобро го започна натпреварот, но први до водство стигнаа Германците. Напаѓачот на Лајпциг, Давид Селке го постигна својот трет гол на првенството, во 35. минута по школски одиграната акција на „панцирите“, Селке со глава го совлада Џордан Пикфорд. Сепак избраниците на Бутројд по само шест минути стигнаа до израмнувачкиот погодок.

http://www.dailymotion.com/video/x5s0yxh_0-1-davie-selke-goal-hd-england-u21-vs-germany-u21-27-06-2017-euro-u21-hd_sport

По изведениот корнер на капитенот Вард Провс настана мешаница, Демарај Греј се избори за удар и ја затресе мрежата. Англичаните на паузата заминаа разочарани со оглед на тоа дека беа поконкретни во нападите од противникот, дури во три наврати имаа сериозни шанси за прв гол, но сето тоа беше спречено од германската одбрана.

http://www.dailymotion.com/video/x5s0z88_1-1-demarai-gray-goal-hd-england-u21-vs-germany-u21-27-06-2017-euro-u21-hd_sport

Пет минути беа потребни за гол и славје на младите „лавови“ на Англија. Откако не успеа комбинацијата на Хјуз и Абрахам во првото полувреме, овој пат на сличен начин ги надиграа дефанзивците пред голот на Полерсбек, а напаѓачот на Челси имаше лесна задача да ја смести топката во голот за резултатски пресврт.

http://www.dailymotion.com/video/x5s1109_2-1-tammy-abraham-goal-hd-england-u21-vs-germany-u21-27-06-2017-euro-u21-hd_sport

Потоа следуваше притисок од репрезентацијата на Германија, речиси дваесетина минути „панцерите“ се обидуваа да се вратат резултатски. Феликс Плате го замени стрелецот на првиот погодок на мечот, Давид Селке во 63. минута, а само седум минути подоцна во улога на супер замена израмнува за 2-2. Капитенот Арнолд од корнер испрати центаршут на првата статива, а таму највисок во скокот се беше напаѓачот на Дамшатд.

http://www.dailymotion.com/video/x5s12d7_2-2-felix-platte-goal-hd-england-u21-vs-germany-u21-27-06-2017-euro-u21-hd_sport

До крајот на регуларните 90 минути Германија постигна и трет гол, но помошниот судија го поништи сигнализирајќи офсајд. Плате во 78. минута можеше повторно да слави, но се најде во недозволена позиција. Пикфорд беше немоќен при ударот, но одлуката на арбитрите ја спаси Англија од пропаст.

http://www.dailymotion.com/video/x5s134j_felix-platte-cancelled-goal-hd-england-u21-vs-germany-u21-27-06-2017-euro-u21-hd_sport

Продолжението од двата дела по 15 минути припадна на репрезентацијата на Германија. „Панцерите“ константно притискаа за гол со кој би обезбедиле пласман во финалето, додека заморот се почувствува кај фудбалерите на Англија, па се повлекоа со цел да го бранат голот и да изнудат пенали, што на крајот им успеа.

Full Penalties HD – England U21 2-2 Germany U21… by footballtvvideos

Германија по пеналите е првиот финалист на ова Европско за млади во Полска. Наскоро ќе се дознае и противникот од дуелот Италија-Шпанија.

Се вчитува...