Пантуро победник на првиот паралел-велеслалом сезонава во Светскиот куп

Алексис Пантуро е победник на првиот паралел-велеслалом во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање кој се возеше во австриски Лех. Тој во големото финале беше подобар од Норвежанецот Хенрик Кристоферсен за 11 стотинки.  Третото место му припадна на Александер Шмид од Германија кој во малото финале беше подобар од Австриецот Адриан Пертл.

Најдобрите алпски скијачи во светот се селат во француски Вал Д’изер каде следнито викенд на програмата ќе бидат две велеслаломски трки. Дамите пак следниот викенд ќе бидат во швајцарскиот Сент Мориц.

Се вчитува...