Панучи промовиран на клупата на Албанија: Целта е пласман на ЕП 2020

Италијанецот Кристијан Панучи денеска и официјално беше промовиран како нов селектор на фудбалската репрезентација на Албанија. Тој на 5.септември ќе ги предводи Албанците на дуелот против Македонија, што треба да се одигра во Струмица, во рамките на квалификациите за СП 2018.

Панучи беше асистент во стручниот штаб на Фабио Капело, кога тој беше селектор на Русија, а клупата ја презема од уште еден Италијанец, Џани Де Бјази.

„Нашата цел ќе биде да ја пласираме Албанија на Европското првенство во 2020 година. Шансите за мундијалот во Русија се реално загубени, но на секој меч ќе атакуваме на победа“, изјави Панучи во своето прво обраќање како селектор на Албанија.

Се вчитува...