ПАОК забрани македонски знамиња вечерва на „Тумба“ – Навивачите на Абердин најавуваат силна поддршка за Миовски!

Грчки ПАОК, во корелација со домашната полиција и градските власти, соопшти дека вечерва ќе има строги претреси за навивачите на шкотски Абердин за дуелот од Конференциската лига на УЕФА во Солун на кои ќе им е забранет влез со македонски знамиња на стадионот.

Како што информираат од ПАОК на „Тумба“ во Солун вечерва нема да биде дозволено внесување пиротехнички материјали, но и македонски знамиња, од страна на навивачите на шкотскиот премиерлигаш.

Добро е познато дека на голем дел од натпреварите на Абердин се истакнуваат и македонски знамиња како знак на поддршка и благодарност за Бојан Миовски за се што прави за клубот, па токму поради тоа од ПАОК знаејќи за таквата ситуација најавија строги претреси на влезот на стадионот.

Но, навивачите на Абердин најавија секако поддршка за Миовски на денешниот дуел, иако Шкотите веќе ги загубија шансите за пласман понатаму во Конференцската лига.

„Ќе најдеме друг начин да искажеме поддршка за Бојан Миовски. Тој е нашиот најдобар фудбалер и добро знае дека вечерва сакаме да биде во игра, иако мечот и нема баш резултатско значење“ – порачуваат дел од навивачите на Абердин.

Абердин и Хелсинки се со само еден бод од Групата Г во Конференциската лига, и се само со теоретски шанси за пласман понатаму во однос на ПАОК и Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...