Италијанската тенисерка Јасмин Паолини денес го освои турнирот од серијата Мастерс во Рим, што е нејзин најголем успех во досегашната кариера.
Во борбата за трофејот таа ја победи втората тенисерка во светот, Американката Коко Гоф, со 2:0, во сетови 6:4 и 6:2, и со тоа обезбеди пробив до четвртото место на ВТА листата.
На денешниот натпревар се очекуваше поинтересна борба, но се чини дека Коко Гоф беше доста исцрпена по тешкото полуфинално натпреварување против кинеската тенисерка Женг.
Паолини го искористи тоа на најдобар начин и во ниту еден момент не ѝ дозволи на својата противничка да ја преземе иницијативата на теренот.
Мечот започна со брејкови на двете страни, уште еден направи Паолини во првите три гема и се покажа како одлучувачки за исходот од првиот сет. Италијанката ја задржа својата предност на почетокот и го доби овој дел од натпреварот со 6:4.
Во вториот сет, Коко Гоф изгледаше како едвај да чека да заврши мечот по 0:3 во првите три гема, при што Паолини направи два брејка. Потоа Американката успеа да врати еден пробив, но тоа беше нејзин краток блесок, по што Јасмин Паолини продолжи незапирливо да оди кон голем триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА