Папаниколау позитивен на коронавирус

Кошаркарскиот клуб Олимпиакос соопшти дека Костас Папаниколау е позитивен на коронавирус. 30-годишниот грчки кошаркар кој игра на крилната позиција се наоѓа во самоизолација и за среќа нема никакви симптоми.

Од грчкиот клуб соопштија дека лекарски тим ја прати неговата состојба и се надеваат дека ќе биде подготвен за стартот на подготовките за новата сезона.

Ова за Папаниколау е втор мандат во Олимпиакос, а во кариерата настапуваше и за Арис, Барселона, Денвер Нагетс и за Хјустон Рокетс.

Се вчитува...