Параолимписката шампионка Верфорт се одлучи на еутаназија: Не сакам повеќе да страдам!

Белгискита параолимпијка Мариек Верфорт се одлучи на еутаназија потпишувајќи ги официјално неопходните документите, како што вели желна да стави крај на своите долгогодишни страдања.

Веќе добила дозвола за смртоносна инекција. Верфорт ќе го мине Божиќ во својата куќа во Брисел, а веднаш потоа ќе биде извршена еутаназија која во Белгија е легална од 2003 година.

„Моја последна желба е кремираните остатоци да бидат истурени и од црвена кутија да излетаат бели пеперутки. Не сакам родителите да бидат присутни на еутаназијата. Се одлучив на овој чекор затоа што веќе ми стана навистина животот претежок. Се повеќе сум во депресија…Не сакам повеќе да се измачувам, сега веќе го губам и видот“ – вели 28-годишната Мариек која е и светски шампион во спринт.

Верфорт на 16-годишна возраст се разболела од ретка дегенеративна болест. Почнале да и откажуваат органите, завршила во инвалидтска количка, но не ја губела желбата за живот. Продолжува да се замимава со кошарка, а потоа иако во количка се натпреварува во триатлон. Откако нејзината болест напреднува се откажува и од триатлонот и продолжува со атлетиката. Последните години веќе и лековите не и помагале, па по трката на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро, официјално објави дека се подготвува за еутаназија.

„Моето тело веќе не може да ја издржи болката. Имам постојани напади, а невролозите ми потврдија дека тоа не се епилептични напади, но телото едноставно повеќе не може да издржи“ – вели Белгијката.

Се вчитува...