Пари Сен Жермен прв финалист во Лигата на шампионите

Францускиот првак Пари Сен Жермен е прв финалист во Лигата на шампионите откако вечерва го декласира Лајпциг со 3-0 во првата полуфинална пресметка на стадионот „Луж“ во Лисабон. Тоа е историско прво финале за „светците“ во елитното европско клупско натпреварување. ПСЖ го очекува ривалот за финалниот дуел што е закажан за в недела од подобриот од утрешното полуфинале меѓу Баерн Минхен и Лион.

Маркињос во 13.минута донесе предност за Пари Сен Жермен, а Анхел Ди Марија кој беше најдобар поединец на мечот, пред полувремето го удвои водството за францускиот тим. Составот на Томас Тухел беше надмоќен и во вториот дел, а Хуан Бернат во 56.минута беше стрелец на третиот гол за ПСЖ.

Се вчитува...