Пари Сен Жермен заминува од „Паркот на принцовите“

Доколку не дојде до радикален пресврт на настаните, Пари Сен Жермен ќе го напушти „Паркот на принцовите“ во наредните месеци. Парискиот тим, преку својот претседател, Насер Ал Келаифи најави дека ќе се пресели од стадионот откако Советот на Париз, на состанокот во четвртокот наутро, го ратификуваше ставот на Градскиот совет дека стадионот нема да го продаде на катарските сопственици.

„Сега е премногу лесно да се каже дека стадионот повеќе не е на продажба. Знаеме што сакаме, изгубивме години обидувајќи се да го купиме стадионот. Поради тоа ќе го напуштиме Паркот на принцовите“, објави Ал Келаифи.

Претседателот на ПСЖ пред еден месец му даде на Градскиот совет рок од три месеци да одлучи, на што тој цврсто одговори по големото не од страна на Ан Идалго и нејзините колеги од владата.

Се вчитува...