Пари Сен Жермен зема залет за Ерлинг Халанд

Францускиот првак Пари Сен Жермен се приклучува во трката за ангажман на Ерлинг Халанд. Ќе биде тоа сериозна конкуренција за раководството на Реал Мадрид кое покажува сериозен интерес за напаѓачот на Борусија Дортмунд.

ПСЖ стравува дека може да ги загуби Нејмар и Килијан Мбапе во наредните две сезони, Уругваецот Единсон Кавани веќе е на излезна врата од клубот, а не е решена ниту иднината на Мауро Икарди. Оттаму спортскиот директор Леонардо веќе остварил контакти со агентот на Халанд и порачал дека сака да го види на „Паркот на принцовите“.

Борусија Дортмунд, според клаузулата, може да го задржи Ерлинг Халанд најмалку до следното лето, а потоа заинтересираните клубови можат да ја активираат за сума од 60 милиони евра.

Се вчитува...