Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку, како и нивните клубови Милан и Интер се казнети за вербалниот конфликт меѓу играчите за време на четвртфиналето на Купот на Италија на 26 јануари 2021 година. Ибрахимовиќ ќе треба да плати 4.000 евра, додека Лукаку 3.000 евра.
Се наведува дека и двајцата покажале неспортско однесување, дека користеле провокативни фрази и дека испратиле порака што не е во согласност со критериумите за лојалност, искреност и спортски дух промовирани со Кодексот на ФИФА И УЕФА. И клубовите се казнети – Милан со 2.000 евра, и Интер со 1.250.
Понеделникот не беше добар ден за Ибрахимовиќ – освен што не можеше да му помогне на Милан, кој загуби од Лацио, беше објавено дека УЕФА покрена официјална истрага против него поради уделот што Швеѓанецот го има во обложувачка компанија со седиште во Малта, нешто што е строго забрането од европската куќа на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА