Парите не се проблем… ПСЖ потроши 1.2 милијарди за да стигне до финале

Пари Сен Жермен вечерва ќе го игра првото финале во историјата во Лигата на шампионите. Целата приказна на овој нов, моќен ПСЖ почна во 2011 година кога на чело на клубот дојде катарската „Qatar Sports Investments“ која одлучи да вложи милиони како би го искачил клубот од Париз на врвот на Европа.

Се почна со Ибрахимовиќ, Тијаго Силва, Единсон Кавани, а продолжи со Нејмар, Мбапе, Ди Марија и Икарди и конечно по 1.2 милијарди долари и девет години вложување тимот конечно е во финалето на Лигата на шампионите.

Пред доаѓањаето на катарските сосптвеници тимот имаше освоено 2 лигашки титули, 8 купа, 3 Лига купови, 2 суперкупа и еден Европски куп на европските победници. Во последните девет години бројот на титули енормно се зголеми и сега клубот има 9 лиги, 13 купа и 9 лига купови, 9 суперкупови, но најважниот трофеј се уште не стигна во витрините на клубот.

Вечерва оваа генерација добива шанса како ниту една друга претходно. Само 90 минути ги дели од кревање на „Ушкото“, но противникот е нималку наивен. По рестартот на фудбалската сезона Баерн Минхен е најдобриот тим во Европа, а за разлика од ПСЖ ова за „баварците“ ќе биде 11 финале во најелитното европскот фудбалско натпреварување.

 

 

 

Се вчитува...