Челниците на Саудиската професионална лига сакаат да „украдат“ дел од ѕвездите на европскиот фудбал во јануарскиот преоден рок. Така, еден од најдобрите играчи на Њукасл, Џоелинтон, е на радарот на неколку тимови од оваа земја, а моќните клубови размислуваат за трансфер во јануарскиот преоден рок.
Бразилецот пристигна во Њукасл од Хофенхајм за 45,8 милиони евра во 2019 година, а сега може за повеќе да замине каде што во последно време одат големите фудбалски ѕвезди. За Њукасл досега одигра 241 натпревар, и е еден од омилените играчи на навивачите.
Џоелинтон има договор до 2028 година, и сигурно дека секој заинтересран клуб ќе треба да плати голема отштета. Со оглед дека парите не се проблем за тимовите, треба да се очекува дека во јануари Бразилецот би можел да има нов клуб, и да се пресели во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

