Париз ги претстави маскотите за ЛОИ и параолимписките игри во 2024

Организаторите на ОИ во Париз ја промовираа и маскотата за Игрите закажани за 2024 година. Станува збор за две црвени „фригиски капи“  кои всушност се симбол на Француската револуција, односно слобода и еднаквост.

Станува збор за мека црвена капа со конусна форма, која ја носи Маријана, олицетворение на Француската Република во човечка, женска форма, персонификација на државата и нацијата во форма на девојка. Полнетите играчки се произведени во Кина, како и „многубројни други, кои се продаваат во Франција“, потенцираат организаторите на Игрите.

За очекување е дека приходите од продажба ќе бидат некаде околу 127 милиони евра, бидејќи тоа се предвидувањата во буџетот на Организациониот одбор направен во 2021 година.

Едната шапка е облечена со патики, а другата има протетска нога, што ја претставува Параолимпијадата.

„Ова е посебен ден за Париз. Фригиската капа е позната низ целиот свет и е претставена во уметноста, на градските симболи и многу брендови“, “, рече претседателот на Организацискиот одбор Тони Естанже.

Во последниве месеци, организаторите открија дека се консултирале со историчари за да ја промовираат историјата за време на Олимпијадата, како и на церемонијата на отворање, што ќе се одржи на реката Сена.

Се вчитува...