Париз го стресе нов скандал: Претседателот на ПСЖ обвинет за киднапирање!?

Насер Ал-Келаифи, претседателот на Пари Сент Жермен, се најде во центарот на вниманието откако одекна голем скандал по обвинението дека е вмешан во киднапирање и изнуда на пари.

Францускиот весник „Либерасион“ тврди дека првиот човек на ПСЖ направил изнуда, а негова жртва бил француско-алжирскиот бизнисмен Тајб.

Тајеб имал компромитирачки материјали против претседателот на ПСЖ за нерегуларности околу бирањето на Катар за домаќин на Светското првенство, поради што минал во затвор повеќе од една година.

Тајеб бил уапсен на 13-ти јануари 2020-та година, а бил пуштен на слобода пред извесно време, но откако ги предал сите документи, вклучувајќи и „УСБ“ на адвокатите на Ал Келаифи, со што биле уништени сите докази против него.

Се вчитува...