Париз го тресе нова „војна“: Директорот на ПСЖ ги „пецна“ Мбапе и Нејмар

Луис Окампос, спортскиот директор на ПСЖ, проговори дека во краток период не требало во тимот да се вложат премногу пари на две големи ѕвезди, очигледно алудирајќи на Нејмар и Мбапе, кои вкупно беа платени над 400 милиони евра.

Окампос за француските медиуми потенцираше дека трансфер политиката мора да биде променета.

„Во минатото беа направени грешки затоа што на иста позиција се ангажираа повеќе фудбалери. Трансфер-политиката на тимот не е најдобра и тоа мора да се промени“, кажа Окампос.

Ова изјава на Окампос доаѓа во период кога француските медиуми објавија дека односите меѓу двете ѕвезди во Париз не се воопшто добри.

Се вчитува...