Париз ќе биде домаќин на два НБА натпревари следната сезона

Кошаркарската НБА лига објави дека следната сезона ќе се играат два натпревари во Париз, а во нив ќе се сретнат Сан Антонио Спурс и Индијана Пејсерс. Натпреварите ќе се играат на 23 и 25 јануари 2025 година.

Така Париз трета година по ред ќе биде домаќин на натпреваод регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, а за првпат Сан Антонио за кој ќе игра Французинот Виктор Вембањама.

Не е прецизирано каде ќе се играат натпреварите, иако претходните два се играа во „Берси арената“ во Париз. Во јануари Кливленд го совлада Бруклин во Париз, а една година претходно Чикаго славеше против Детроит.

Се вчитува...