Париз се подготвува за нов ера: Заминуваат Леонардо и Покетино, сите погледи насочени кон Зидан

ПСЖ успеа да го задржи Килијан Мбапе во своите редови и во следните три години, а по продолжување на соработката со францускиот репрезентативец следи заминување на спортскиот директор Леонардо и тренерот Маурицио Покетино. Со тоа се отвара место за превземање на клубот од страна на Зинедин Зидан за кого катарскиот емир, Тамим бан Хаман ал Тани е подготвен лично да допатува во Париз.

Со Зидан се очекува да започне и нова ера во ПСЖ во која парижани целат и конечно да стигнат до трофејот во Лигата на Шампионите. Тоа не им успеа во последните десет сезони, а последен кој им застана на патот беше Реал Мадрид кој го елиминираше францускиот тим во двомечот и покрај негативата по првиот натпревар.

Се вчитува...