Париз во шок: Финансиската полиција упадна во просториите на Организацискиот одбор на ОИ 2024

Истражители на француската финансиска полиција извршија рација во просториите на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз, кои треба да се одржат следното лето како и компаниите кои се вклучени во подготовките на свеченото отворање.

Организаторите се осомничени дека фаворизирале некои компании за потпишување на договорите поврзани со Олимписките игри.

„Париз 2024. потврдува дека финансиска полиција го прегледаа нашето седуште и ги добија сите информации кои ги бараа. Париз 2024 целосно соработува со истражителите“, се вели во соопштението на Организацискиот одбор.

Се вчитува...