Паркер дециден: Ајде да не се лажеме, кошарката мора да се укине низ цела Европа

Легендарниот француски кошаркар, Тони Паркер, сега ја има улогата на прв човек на францускиот првак Асвел. Во ситуација кога коронавирусот се шири забрзано низ цела Европа, екс-плејмејкерот на Сан Антонио нема дилеми околу чекорите што треба да се преземат.

„Ајде да престанеме да си даваме лажна надеж, оваа сезона нема да се продолжи. Ние први ги пуштивме странците да си заминат бидејќи сега здравјето е најважно и сите треба да бидат крај своите семејства. Не гледам како можеме да продолжиме, ја чекаме одлуката на надлежните, но мој став е дека е најпаметно сезоната да биде прекината. Да нема шампиони, да нема испаѓање, само да се подготвиме за наредната сезона, кога ќе се создадат услови за такво нешто“, истакна Паркер.

Тој го има истиот став и кога станува збор за Евролигата, натпреварување чиј дел сезонава е и неговиот Асвел.

„Тоа е уште покомпликувано бидејќи вклучува европски земји, а во секоја од нив владеат различни правила. Затоа ќе биде уште потешко сезоната да продолжи, па мојот одговор е – Да, треба да се откаже и Евролигата“, дециден е Тони Паркер.

Се вчитува...