Парма го враќа Балотели во Италија?

Италијанскиот калчолигаш Парма подготвува „бомба“ во овој летен преоден рок. Редовите на повратникот во Серија А би можел да ги засили контроверзниот напаѓач Марио Балотели. Спорскиот директор на Парма, Даниеле Фаџано, потврди дека имал разговори со менаџерот на италијанскиот репрезентативец, иако се уште не е постигнат договор.

„Имав состаноци со менаџерите на неколку фудбалери, вклучувајќи го и агентот на Балотели. Се работи за фудбалер кој е многу тешко да го доведеме, но ќе се обидеме. Мораме да водиме сметка и за клупскиот буџет“, изјави Фаџано.

Балотели имаше понуда и од Олимпик Марсеј, но трансферот пропадна, па тој се врати во редовите на Ница, за која во изминатите две сезони одигра 66 натпревари и постигна 43 гола.

Се вчитува...