Парма ја сопре победничката низа на Рома

Рома имаше три победи во серија, но допатува во Парма и загуби. Избраниците на Роберто Д’Аверса славеа заслужен триумф со 2-0, откако прикажаа агресивна игра и повеќе ги посакуваа бодовите.

Матија Спрокати во 68.минута ја доведе Парма во водство, а римјаните немаа сили да возвратат. Во финишот тргнаа на се или ништо, а тоа го казни Корнелиус кој во судиското продолжение го постави конечниот резултат, 2-0 во корист на домаќините.

Парма по оваа победа се искачи на осмата позиција на табелата во Серија А со 17 освоени бода.

Се вчитува...