Горана Пандев и официјално ќе ја заврши сезоната во дресот на Парма, откако италијанскиот второлигаш вечерва го официјализираше трансферот на македонскиот голгетер.
Се очекуваше Пандев кариерата да ја заврши како член на Џенова, се најавуваше дека Македонецот има понуда за директорско место во овој клуб, но ситуацијата се промени откако претседателот Пречиози го продаде клубот на американски газди.
Најпрвин следеа тренерски смени, а сега пред самиот крај на јануарскиот преоден рок продаден беше и најискусниот фудбалер во таборот на Џенова, македонскиот ас Горан Пандев.
Во Парма не го кријат задоволството од ангажманот на искусниот голгетер, кој сигурно ќе му биде од помош на овој клуб во обидот да се обезбеди влез во Серија А.
„Добредојде Горан Пандев. Горди сме што можеме да го објавиме потписот на Горан Пандев, на перманентен трансфер од Џенова“, објави Парма преку клупско соопштение.
Benvenuto Goran #Pandev! ✍🏻🟡🔵
📝➡️ https://t.co/Ntnc3jMz37#ForzaParma pic.twitter.com/he8usb4ZwX— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) January 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА