Парма Перм ги изненади Рајковиќ и ЦСКА Москва

Најдобриот македонски кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва доживеаја изненадувачки пораз на гостувањето кај Парм Перм од 82-78 во меч од руската ВТБ лига.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 23-20. Избраниците на Емил Рајковиќ одиграа многу подобро во вториот период и на пауза заминаа со минимална предност од 43-45.

Сепак, домаќините кои се во одлична форма во последно време во вториот дел одиграа далеку над своите можности и на крајот успеаја да и го нанесат на ЦСКА Москва вториот пораз сезонава (82-78).

Ајзеа Рис со 22 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Антон Астапкович заврши со 21 поен.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...