Парма се огласи по обвинувањата за местење: Ќе се докаже дека се е чисто!

Парма утрово ја дочека шок информација откако Фудбалскиот сојуз на Италија потврди дека го истражува мечот од последното коло против Специја на овој тим поради сомнеж за местенка.

Парма успеа да се избори за Серија А токму по победата во последното коло од 2-0 против Специја, но Италијанскиот фудбалски сојуз потврди дека има неколку сомнителни детали од тој натпревар и дека Парма ќе остане без влез во Серија А ако се докаже дека мечот е наместен.

Сепак, од Парма експресно се огласија порачувајќи дека веруваат во истрагата која ќе ја покаже нивната невиност.

„Начинот на кој се ова се работи не боли затоа што покажува тотално непочитување. Ние не сакаме да им пречиме на оние кои вршат истрага. Верувам дека на крајот ќе се покаже дека се беше чисто, затоа што тоа е единствената вистина. Сето ова е само вообичаена постапка по последните кола од првенството, и ние тоа го почитуваме. Целта ни е само во медиумите да не се пренесуваат погрешни информации“ – порачаа од Парма.

Се вчитува...