ПАРОДИЈА – Фудбалер на Осогово со најсмешниот обид да одглуми физички контакт, во мак-фудбалот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Осогово имаат предност од 0-1 на гостувањето против Новаци по 60 минути игра во 7. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Меѓутоа, највпечатливиот момент од досегашниот тек на мечот е секако потегот на младиот фудбалер на Осогово, Влатко Стојановски во финишот на првиот дел.

При еден највообичаен прекин по прекршок, Стојановски изненадувачки се обиде да изглуми физички контакт и удар од противнички фудбалер, паѓајќи како покосен пред главниот судија. Но, покажа само дека е лош актер.

Најпрво и противничкиот играч и самиот судија останаа вчудоневидени што се обидува да изглуми Стојановски, сето тоа делувајќи повеќе од смешно, за да потоа фудбалерот на Осогово неизбежно добие жолт картон за глума – и тоа очајно лоша…

Се вчитува...