Веројатно за многумина не ќе биде баш за верување, но тетовска Шкендија преку официјалните свои медиуми се одлучи да му се претстави на Милан, пред двете меѓусебни пресметки во Лигата на Европа, на специфичен начин преку интересно видео со хумористични елементи…
„Драг Милан, ние сме Шкендија“ – почнува видео пораката на ФК Шкендија со која сака да му се претстави на италијанскиот гигант, притоа надополнувајќи со сите интересни детали од градот кои компаративно се поврзуваат со Италија.
„Тетовците ја сакаат Моника Белучи, ама Италијанците се луди по тетовскиот актер Блерим Дестани! Капацитетот на вашиот стадион е 80.000, а нашиот град брои 100.000 жители. Вие испративте скаути да не гледаат откако се квалификувавме, а ние имаме скаути кои ве следат постојано… Вие ги украдовте нашите дресови од 1994 година, но нема да правиме проблем од тоа… И, додека вие одите до Кина по спонзор, нашиот главен спонзор е Еколог од Тетово – глобален лидер“ – се дел од пораките кои тетовци им ги испраќаат на „миланезите“ пред меѓусебните пресметки.
Впрочем, погледнете сами…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА