Парола на денот: Па баба ми трча побрзо од тебе

Интересно беше денеска на скопските улици за време на маратонската трка во главниот град. Имаше се и сешто, од амбициозни натпреварувачи во трка за висок пласман, до рекративци и луѓе дојдени да бидат дел од големиот настан.

Вообичаено, дел од кореографијата беа и интересни пораки од гледачите крај патеката, а нашиот фоторепортер го улови сеирот на денот, „Спајдермен“ кој мотивираше со транспарентот „Уште се влечеш… па баба ми трча побрзо од тебе“.

Се вчитува...