Парондо го одведе Египет до африканската титула и до Олимписките игри во Токио

Поранешниот предводник на Вардар со кого клубот минатата сезона ја освои втората европска клупска титула, Роберто Парондо како селектор на Египет дојде до континенталната титула во Африка и обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Токио. Во финалето на африканскиот шампионат, Египет славеше над бранителот на трофејот, Тунис со 27-23. На полувремето, тимот на Парондо имаше предност од 15-11.

Репрезентацијата на Египет беше супериорен ривал во финалето, а перфектно го одигра целиот шампионат и го комплетираше без пораз. Египет ќе биде домаќин на следното Светско првенство во јануари наредната година.

Се вчитува...