Парондо: Горд сум на овој Вардар, но и тажен за повредениот Дисингер

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Вардар по петти пат го освои трофејот во СЕХА – лигата, а за првпат како предводник на тимот прослави и Роберто Гарсија Парондо. Тој вели дека е горд на тимот, на момците што ги тренира, но сите ги поремети повредата на Кристијан Дисингер.

„Морам да кажам дека сум горд на овој Вардар, момците се одлични, се бореа до последен атом и во полуфиналето и во финалниот дуел. Покажавме уште еднаш дека сме најдобри во СЕХА, но останува во нас и тагата поради повредата на Кристијан Дисингер. Се работи за сериозна повреда, но нема предвреме да зборуваме ништо“, изјави тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Се вчитува...