Парондо им одржа лекција на Германците, Египет во полуфинале на ЛОИ

Селекцијата на Египет забележа уште една голема победа, а овој пат жртва на Роберто Парондо и неговите ракометари беше репрезентацијата на Германија, која изгуби со резултат од 31-26. Со оваа победа Египет успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на ЛОИ, а овде за противник ќе ја има Франција.

Триумфот на избраниците на Парондо се крчкаше уште во првиот дел, кога „фараоните“ направија солидна предност од четири гола. Во вториот дел ракометарите на Египет рутински дојдоа до големата победа, успевајќи да ја задржат предноста од неколку гола и да го заверат билетот за палсман во следната фаза.

Токму на овој дуел, делегирани беа македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Нашиот пар судии уште еднаш ја оправдаа довербата, тие досега долго време се дел од елитната група и често добиваат големи дерби средби, на Европските и Светските првенства, а така е и сега на Олимписките Игри.

Се вчитува...