Парондо има нов клуб – ќе работи во Бундес-лигата

Роберто Гарсија Парондо е подготвен да се врати на клупскиот ракомет откако шпанскиот стратег успешно ги финализираше преговорите со бундеслигашот Мелсунген.

Управата на Мелсунген по само три кола му врачи отказ на Гудмундур Гудмундсон, по што ги почна преговорите со Парондо. Главен пробле претставуваше фактот дека Шпанецот се уште има договор како селектор на Египет, но по долги разговори конечно беше договорено тој паралелно да ги извршува двете функции. Утрово Египќаните потврдиле дека дале зелено светло Парондо да остане на двете функции до јануари 2022 година, по што ќе решат дали да го задржат Шпанецот.

Шпанскиот стратег својот прв самостоен тренерски ангажман го имаше во Вардар, каде приреди сензација стигнувајќи до титулата европски првак и покрај оргомните проблеми поради неисплатените плати од управата.

Се вчитува...