Парондо: Јас сум виновникот што не игравме добро

Тренерот на Варар, Роберто Парондо, ја презеде вината за слабото издание на својот тим на вечерашниот натпревар со Металург. „Црвено-црните“ на крајот триумфираа, но покажаа многу осцилации во играта, што е сосема логично со оглед на фактот дека недостигаа голем број на првотимци.

„За нас најважно денеска беше да триумфираме и мораме да сме задоволни што ги освоивме бодовите. Јас сум виновникот што играта не беше на посакуваното ниво, се обидов да ги одморам играчите по напорите во Лигата на шампионите. Имавме многу напорен период и на некои од нив неопходен им беше одмор“ – изјави Парондо.

Вардар на 8 декември ќе гостува во Ниш на Железничар, а четири дена подоцна ќе го пречека Татран Прешов, што ќе биде последен натпревар за „црвено-црните“ во оваа 2018 година.

Се вчитува...