Парондо: На полувреме им реков…Мислете дека водите два гола разлика!

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Вардар имаше седум гола негатива на полувремето (9-16), а тренерот Роберто Гарсија Парондо мирно им пристапил на ракометарите во соблекувалната. Првиот совет бил – да се однесуваат како да имаат водство од два гола разлика.

„Им реков на ракометарите на полувремето, во вториот дел да се однесуваат како да водат два и тие тоа го направија. Многу сме горди што сме во финалето, го победивме најдобриот тим во сезоната и знам дека ова е еден натпревар и ние бевме подобри. Во првото полувреме, не игравме толку лошо, но имавме некои грешки и промашивме неколку лесни шутеви. Тоа беше разликата. тешко ми беше да им објаснам на играчите дека сум среќен како играат“, изјави Парондо на прес – конференцијата по мечот.

Мислите одат кон повредата на Игор Карачиќ. Тој ќе биде многу потребен во утрешното финале против Веспрем.

„Не изгледа добро, се надевам ќе ни помогне утре, потебен ни е, тој има одлична сезона и заслужува да игра во финалето“, дополни тренерот на Вардар.

Се вчитува...