Парондо од јуни нов селектор на Унгарија!?

Актуелниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо од јуни треба да биде нов селектор на Унгарија, пренесуваат дел од унгарските медиуми.

Парондо повеќе од успешно сезонава го води Вардар на патот до Ф4 во Келн, но по најавите на Сергеј Самсоненко за откажување од натамошното финансирање на „црвено-црните“ веќе е јасно дека од јуни го очекува нова дестинација.

Унгарците пренесуваат дека токму Парондо ќе биде замената за Владан Матиќ и Иштван Чокнаи кои во моментов ја предводат селекцијата на Унгарија.

Се вчитува...