Актуелниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, е промовиран за нов селектор на ракометната репрезентација на Египет. Тој доаѓа на местото на Тони Херона, кој пак го замени Давид Дејвис, своевремено исто така тренер на Вардар.
Парондо ја стартуваше тренерската кариера во Вардар и направи феноменален успех со пласманот на Ф4 во Келн. Египет е домаќин на следното Светско првенство во ракомет во 2021 година и Парондо ќе треба да ја подготви селекцијата за успешен настап на мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА