Парондо: Сакам да се вратам во Македонија, ни беше многу тешко кога заминувавме од Скопје

Тренерот кој со златни букви остана запишан во историјата на Вардар, Шпанецот Роберто Парондо, со кого „црвено-црните“ ја освоија Лигата на шампиони вели дека со тешко срце ја напуштил Македонија а сега со задоволство повторно би се вратил во Скопје од каде тој и неговото семејство имаат прекрасни спомени.

Парондо, во моментов е селектор на Египет, но уште од сега, во изјава за „Балкан-хендбол“, најавува дека еден ден ќе се врати во Македонија.

„Добро е и во Египет, но не е исто како во Македонија. Не чувствувам притисок, туку сакаме да постигнеме добри резултати на Светското првенство. Кога бев во Вардар, беше одлично и игравме многу добар ракомет и имавме добра, но тешка сезона. Сезоната беше тешка затоа што имаше многу промени. Ние бевме среќни во Скопје, моето семејство беше задоволно, па ни беше навистина тешко кога го напуштавме Скопје. Сепак, имаше проблеми и мораше да заминеме. Но, јас сакам да се вратам во Македонија зашто Македонија беше одлично место за нас“ – вели Парондо.

Се вчитува...