Парондо си донесе „екс-вардарец“ во Мелсунген

Роберто Парондо го продолжува „ремонтот“ во редовите на Мелсунген, откако шпанскиот стратег реши да доведе ракометар со кого имаше успешна соработка во Вардар.

Глеб Калараш е ракометарот кој од денеска повторно ќе игра за Парондо, откако рускиот пивот потпиша договор со Мелсунген до крајот на оваа сезона. Калараш по заминувањето од Вардар потпиша двомесечен договор со Балинген, а по разговорите со Парондо рускиот репрезентативец ја прифати понудата на својот поранешен тренер за нова соработка.

Калараш ќе дебитира за Мелсунген на неделниот натпревар против Хамбург. По доаѓањето на Парондо, тимот на Мелсунген забележа две победи и едно реми во последните три кола, искачувајќи се на осмото место на бундеслигашката табела.

Се вчитува...