Парондо со лекција за Швеѓаните

Египет продолжува со одличните игри на ракометниот турнир на ОИ во Египет откако селекцијата предводена од Роберто Гарсија Парондо славеше над Шведска со резултат 27-22. Швеѓаните имаа максимални три победи во досегашниот дел од групната фаза, но тоа беше само мотив повеќе за Парондо и неговите избраници со беспрекорна партија да стигнат до заслужена победа.

Египет доминираше буквално од првата до последната минута, африканскиот првак од самиот почеток ја презеде контролата над резултатот. На средина од првото полувреме избраниците на Парондо поведоа со 9-4, нешто подоцна имаа и 11-6, а на одмор заминаа со водство од 13-9. Сите надежи на Швеѓаните за камбек исчезнаа на почетокот од второто полувреме, кога Египет стигна до најубедливи 18-12, јасно ставајќи до знаење дека нема да дозволи изненадување во преостанатиот дел од мечот. „Фараоните“ потоа рутински го контролираа резултатот до самиот крај и конечните 27-22.

Санад со шест гола беше најефикасен кај „фароните“, еден помалку постигна Омар Јахија, додека кај Шведска прв стрелец во денешниот пораз беше Пелас со седум погодоци.

Се вчитува...