Парондо со предлог: Да се ограничи бројот на напади „седум на шест“

Во ракометните кругови продолжува дискусијата дали треба да се укине правилото „седум на шест“, а својот став по ова прашање го даде и поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо. Шпанскиот стратег, кој моментно е селектор на Египет, смета дека ова правило треба да се ограничи со што ќе биде утврден колку максимум напади со играч повеќе би им биле дозволени на екипите.

„Лично, ми се допаѓа кога тим ќе почне да напаѓа со играч повеќе неколку напади, за да го смени ритамот на натпреварот. Сепак, воопшто не ми се допаѓа кога некој ќе игра цел натпревар без голман, бидејќи со тоа губи ракометот како спорт. Затоа, мое мислење е дека ова правило не треба да се укинува, но мора да се утврди максималниот број на напади што тренерите ќе можат да ги користат за време на натпреварот“, истакна Парондо.

Се вчитува...