Парондо: Среќни сме што го победивме Кјелце

Вардар славеше важна победа против Кјелце (28-27) во борбата за втората позиција во А групата од Лигата на шампионите. Македонскиот првак иако насатпи без тројцата повредени играчи – Борозан, Мораеш и Горбок, сепак, беше доминантен во поголем дел од мечот против силниот состав нна полскиот шампион. Задоволен од играта и од резултатот по мечот беше и тренерот Роберто Парондо:

„Среќни сме што победивме тим како Киелце. Лигата на шампионите е тешка, секој секого може да го победи. Имавме добри 15 минути, направивме предност, но потоа Киелце покажа дека е одличен тим и се врати во мечот. За жал, од екипата отсуствуваат многу повредени играчи и со тоа се намалува ротацијата. Но, сепак забележавме добра победа“ – истакна Парондо.

По зимската пауза во ЛШ, прв следен натпревар за Вардар во вториот дел од групната фаза ќе биде гостувањето кај Рајн Некар Левен на 6 февруари.

Се вчитува...