ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Македонскиот првак Вардар третпат последовно е учесник на завршниот Ф4 турнир во Келн, а првпат под раководство на Роберто Гарсија Парондо. Во сезоната со најмногу потешкотии, „црвено-црните“ смогнаа сили и повторно се дел од елитата во евриопскиот клупски ракомет.
Тренерот Роберто Парондо вели дека тимскиот дух е силата на Вардар, посебно во овој тежок период од егзистирањето на клубот.
„Многумина сега ме прашуваат како успеавме и што беше пресудно за повторно да дојдеме во Келн. И на сите им велам – тимскиот дух на Вардар. И кога беше тешко, ние тгрениравме секој ден, работевме напорно и наградата дојде со пласманот на Ф4 во Келн. Сега сме фокусирани на полуфиналето, Барселона има одличен квалитет, но ние веруваме дека можеме да се носиме со секој ривал“, изјави Роберто Гарсија Парондо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА